Достапни линкови

Македонската дипломатија „заглавена“ меѓу професионализмот и суетите


Во последно време се актуелизира прашањето дали македонија има стратегија за надворешната политика. Дека нема согласност за таа област говорат неколку примери несогласување на релација влада претседател за амбасадорските места, резолуцијата во американскиот конгрес за спорот со Грција за уставното име во која македонија се обвинува за иридентизам, заминувањето на шефот на дипломатијата во Сирија земја која нашите поддржувачи американците ја сметаат за спонзор на тероризмот на што реагираше опозицијата на собраниска седница со пратеничко прашање.

Од МНР велат дека надворешната политика се спроведува согласно со законот, а претседателот Бранко Црвенковски во една прилика изјави дека за да се надминат недоразбирањата Владата мора да го почитува законот за надворешни работи. Независно дали некому му се допага или не Законот за надворешни работи треба да се спроведе, рече Црвенковски.

Во законот се вели дека токму Министерството за надворешни работи обезбедува координација меѓу органите надлежни за вршење на надворешната политика кои пак учествуваат во нејзиното креирање. Стручната јавност смета дека не се потребни нови правни акти за манифестирање на согласност во надворешната политика, таа не може да биде производ на закони, стратегии, а недоразбирањата се резултат на желбата за превласт, суети

„Во Македонија има многу интересна работа во политиката. Сеуште не сме дошле до степен каде што може да гарантираме дека луѓето на функции може да бидат лојални кон државата. Тие се лојални кон СДСМ, или ВМРО, и оттаму тие битки,“

изјави Денко Малески професор по мегународни односи на Правниот факултет во Скопје.

Несогласувањата се забележани и во некои мегународни документи. Во последниот извештај на Советот на Европа се вели дека начинот на комуникација мегу претседателот на држвава и премиерот влијае лошо за имиџот на државата

„Тоа зборува дека ние во моментов сме еден раштиман оркестар. Тоа се случува затоа што имаме битка кој е кој во Република Македонија, односно кој е поголем фактор и за жал тука би ги ставил сите.“

изјави пратеникот Андреј Жерновски член на собраниската комисија за европски прашања.
XS
SM
MD
LG