Достапни линкови

logo-print

Македонија е партнер во меѓународната борба против тероризмот, велат властите


Осуда за планираниот терористички напад во Њу Џерси во кој учествуваа и три лица од Македонија:

„Република Македонија како европска држава и како партнер во меѓународната борба против тероризмот и воопшто поаѓајќи од приниципите на човечноста и правичноста го осудува секој акт на тероризам. Од овие причини Македонија најостро го осудува и овој чин кој што го разоткрија американските власти.“

Изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски.
Претставниците на властите во земјава укажуваат дека тие не се известени и официјално од американска страна дека тројца од уапсените кои ја планирале оваа активност потекнуваат одмакедонија. Од надлежните институции велат дека доколку се случи тоа ке бидат превземени соодветни активности:

„Немаме добиено никакво известување, ниту пак барање за да се преземат какви било предистражни активности во врска со лицата што се приведени, но доколку тоа биде сторено од американска страна МВР е подготвено да излезе во пресрет и во секој поглед да и помогне на истрагата за целосно разрешување на случајот.“

Изјави Иво Котевски од МВР.
По апсењето на Албанците од Македонија меѓународната јавност ја посочи и земјава како една од оние во кои има исламски радикали. Дека ги има во земјава неодамна беше потврдено и од Исламската верска заедница, но оценките се дека во Македонија нема услови за развој на исламскиот радикализам бидејќи населението со муслиманска припадност се противи на овој вид на ислам. Аналитичарите велат дека македонската позиција е јасна:

„Дилема дали ние би го осудиле или не тој акт, нема никаква нејаснотија во политичката позиција на Македонија, а таа е позиција на антитероризам на соработка со САД како главен меѓународен субјект кој што води антитерористичка борба.“

Изјави Владо Поповски професор на Правниот факултет во Скопје кој додадава дека станува збор за индивидуален чин.
XS
SM
MD
LG