Достапни линкови

Русија секогаш ќе се сеќава на херојското минато


Во Москва со традиционална воена парада, на која присуствуваше државниот и воениот врв на земјата, беше одбележан Денот на победата врз фашизмот. Претседателот Владимир Путин, во своето обраќање, не спомнувајки ја директно Естонија, изјави.

„Оние што денес се обидуваат да ги сквернават спомениците на хероите од војната и да ги преместуваат, го навредуваат и сопствениот народ и предизвикуваат нови недовреби меѓу народите.“

Русија секогаш ќе ја слави победата и ќе се сеќава на херојското минато, изјави Путин, додавајки дека сега светот се соочува со нови предизвици кои бараат заедничка одговорност и рамноправно партнерство меѓу државите.

„Причините за секоја војна треба да се бараат во грешките и погрешните проценки во мирно време, нејзините корени се во судирот на идеологии и екстремизмот. Денес, таквите закани не се намалени, туку се само трансформирани. Како и за време на Третиот Рајх, постои ист презир кон човечкиот живот, исклучивост и диктат.“

Паради и прослави на денот на победата врз фашизмот се одржуваат и другите градови во Русија.
XS
SM
MD
LG