Достапни линкови

Македонија и регионот интересни за странските фондови


Активноста на домашната берза од почетокот на годинава до минатиот месец е зголемена за 85 проценти - вели директорот на македонската берза Иван Штериев

„Деновиве имаме дополнителен пораст во текот на месец мај и порастот на индексот е над сто насто.“

Ваквата драстично зголемена заинтересираност за тргување со акции според Мишо Николов од Центарот за економски анализи се должи на неколу фактори. Мал процент околу 25 насто како што вели отпагаат на подобрите резулати во економијата

„Други причини се, се поголемото присуство на странските инвеститори на берзата. Странски инвеститори во април учествувале со 55 насто.“

Во мегувреме во јавноста се појавија мислења дека зголемената активност не е реална, а дека берзата ке доживее крах. Николов ја отфрла таквата можност до која според него може да дојде само во случај на политичка криза или воена состојба

„Во наредниот период се очекува овој раст да се стабилизира, но никако да се случи крах, затоа што тоа се реални хартии од вредност,“

Инаку сличен тренд на берзите бележат и другите земји од регионов.
Директорот на мекдонската берза Штериев вели дека она што се случува кај нас е поврзано со тргувањата со акции во поранешните југословенски републики

„Причината што на страната на побарувачката на сите берзи во регионот, темпото на тргување го диктираат исти институционални инвеститори. Претпоставуваме дека тие очекуваат пораст на акциите во регионот, а неблагодарно е да се прогнозира што ќе се случува во иднина.“

Економии во развој какви што имаат и балканските земји според еконмистот Николов секогаш имаат повисок берзански раст отколку развиените економии поради тоа што се динамичмни и интересни за инвестирање.
XS
SM
MD
LG