Достапни линкови

Џорџо Радикати, амбасадор на ОБСЕ во Македонија. Не само во Македонија, туку насекаде дијалогот меѓу владата и опозицијата е политичка игра


Г-не амбасадоре, приоритетна цел на ОБСЕ во Македонија е да помогне во градењето доверба и воспоставувањето на меѓуетнички дијалог. Како во овој момент би ги оцениле резултатите од овој ангажман?

Мислам дека во последниве 5 години активностите на ОБСЕ во македонија беа воглавно фокусирани на градењето доверба И според резултатите што ги имаме на теренот преку неколку сондажи, извештаи, анализи, можеме да кажеме дека состојбата е далеку, далеку подобра од пред 5 години. Имаме чувство дека на полеато на градењето доверба се постигнати многу добри резултати и атмосферата во земјата сега е многу добра.

Дали политичкиот дијалог што го водат ВМРО -ДПМНЕ и ДУИ го
враќа назад меѓуетничкиот дијалог?

Мислам дека не само во Македонија туку и во сите земји дијалогот меѓу Владата и опозицијата е политичка игра. Владата сака да ја имплементира својата програма, а опозицијата сака да ја игра својата улога. Во земја како што е Македонија каде што меѓуетничките односи од секогаш биле многу важен фактор на стабилноста или нестабилноста, исклучително е важно дијалогот меѓу Владата и опозицијата да се одвива на најдобар можен начин. ние сега гледаме можеби одредено несогласување меѓу власта И опозицијата што израсна во одредено недоразбирање, одредени проблеми. Но , според она што го гледаме во последните седмици, двете страни го продолжија дијалогот и постигнаа одредени резултати. Тоа можеби не е конечно решени на овие недоразбирања, но се наоѓаме на вистинскиот пат, одиме во вистинската насока, и јас на овој план сум оптимист.

Кој резултат од овој дијалог го очекува меѓународната
Заедница?

Мислам дека најдобриот резултат би бил двете страни да постигнат разбирање а меѓународната заедница очекува ДУИ скоро да се врати во Парламентот кој останува најважниот форум за политичка дебата. Целосна имплементација на Рамковниот договор е нешто на што меѓународната заедница постојано потсетува кога станува збор за приближувањето на земјава кон ЕУ И НАТО. Во што се состојат слабостите? Целосната имплементација на рамковниот договор е можеби најзначајното прашање на кое се фокусира ОБСЕ до сега. Ако ги анализираме најважните прашања од оваа имплементација би рекол дека резултатите се охрабрувачки. Би сакал да ги спомнам судските реформи кои од гледна точка на законот се завршени. За целосна имплементација на судските реформи ќе биде потребно извесно време. Но поставувањето на правната рамка е многу важно. Имплементацијата ќе продолжичекор по чекор И ОБСЕ ќе продолжи да помага во ова.
Полициските реформи се исто така многу важни. Тие се врската кон градењето доверба , затоа што луѓето сакаат да ја видат полицијата како некој кој што им помага. Граѓаните мора да ја гледаат полицијата ккао некој кој им помага и кој ќе ги осигура дека обезбедува криминалот нема да остане неказнет. Во овој дел мислам дека направивме многу добра работа И ќе продолжиме со тоа ставајќИ акцент на т.н етички кодекс кој е еден вид Библија за полицијата која мора да го насочува нејзиното однесување кон ова . Така што ништо не е заборавено или недостасува, но ќе треба време за имплементација на овие важни легални инструменти. Јас сум оптимист, земјата оди во вистинската насока. Но и покрај тоа што е донесена правната рамка за реформите во судството, полицијата или борбата против корупцијата, постојат потекотии во имплементацијата. Зошто? Како Македонија да ја исполни оваа задача?

Имплементацијата на законите зависи од два основни фактора. За имплементирање на законите се потребни админситративни активности кои ќе овозможат законите да профункционираат. Вториот фактор е човечкиот затоа што ефективноста на законите зависи од луѓето. Луѓето мора да разберат дека Прекршувањето на законите е криминалиИ дека тоа се казнува. Тоа ќе се постигне со текот на времето.


Мисијата ОБСЕ е вклучена во процесот на децентарлизацијата кој како што гледаме сите, запна пред втората фаза - фискалната децентрализација. Како да го зајакнат општините својот капацитет и може ли да се појават проблеми и при понатамошните фази од процесот?

Децентарлизацијата во земја како Македонија е екстремно важен фактор на стабилноста. Лично јас разговарав со повеќе градоначалници во повеќе општини во Скопје и во околината и видов дека првата фаза е завршена и дека тие се задоволни од тоа. Но сега треба да се премина на втората фаза И таа е потешка, затоа што таа сега треба да стане реалност. А реална значи дека секој градоначлник мора да ја спроведе во текот на својот мандат, да ја примени, особено преку користењето на фондовите, затоа што недостигот од фондови е основната слабост на општините. Знам дека Владата е силно определена да им помогне на општините за да ја преземат втората фаза, обидувајќИ се да биде пофлексибилна отколку порано И знам дека втората фаза ќе почне во наредните неколку месеци, мај, јуни И во оваа втора фаза Владата веројатно ќе ги процени потребите на општините на флексибилен начин со цел да го прошири бројот на општини што ќе имаат капацитет да го користат фискалниот прилив, што до сега го правеШе само државата. Ова предвудување се надевам дека наскоро “е стане реалност И дека сите општини ќе бидат способни да ги реШаваат проблемите на граѓаните на нивната територија.

Како ја гледате Макеоднија во контекст на решавањето на финалсниот статус на Косово, од безбедносен па И од политички аспект?

Најпрвин морам да кажам дека вашата Влада и политичките лидери по ова прашање покажаа голема зрелост и избалансираност. По изготвувањето на планот на Асхтисари официјалната реакција на Владата и на политичките лидери беше крајно избалансирана. Сигурен сум дека ако ова однесување го следат и другите учесници во оваа приказна , на многу полесен начин ќе се дојде до добро решение. Со ваков избалансиран политички ангажман ништо сериозно нема да се случи и во оваа земја.
XS
SM
MD
LG