Достапни линкови

Без негативни влијанија за политичко безбедносната ситуација, сметаат експертите


По изборот на радикалот Томислав Николиќ за претесдател на српското собрание, во Македонија проценките се дека тоа нема да има негативно влијание кога станува збор за политичко безбедносната ситуација. Извори од државниот врв сметаат дека доколку се случи и евентуална коалиција и формирање на влада мегу Српската радикална партија која доби најмногу гласови на парламентарните избори и Демократската партија на Србија на Воислав Коштуница, земјава единствено може да очекува поостри реакции кога станува збор за Косово, како и мали изгледи да се реши проблемот мегу двете цркви. МПЦ и СПЦ. Причината за ова ја гледаат во поврзаноста на овие партии со Српската православна црква, а за Косово освен поостри вербални реакции кон Македонија не очекуваат други активности поради како што велат различните околности во регионот од оние во деведесеттите и големото присуство на мегународната заедница.
Притоа од владата додаваат . Од владата велат дека тие ке соработуваат со секоја демократски избрана влада во случајов со онаа во соседна Србија.

„Владата на Република Македонија не се меша во внатрешните односи на било која држава од соседството и од регионот, туку напротив ние се надеваме дека со секоја демократски избрана влада ќе работиме заедно на евро атлантските интеграции на целиот регион, на взаемно работење на економскиот просперитет и подигнување на квалитетот на животот во нашиот регион,“

изјави портпаролот Иица Боцевски

Аналитичарите пак укажуваат дека изборот на радикалот Николич за прв човек на Собранието е поразлично од коалицирање и избор на нова влада, влијанието не може да биде големо во овој случај кога станува збор за законодавната власт. Благоја Марковски од балканскиот безбедносен форум вели

„Не очекувам некои посебни влијанија врз Република Македонија. Веројатно Србија сакаше да му покаже на светот дека таа сака да се сконцентрира политички, без оглед на различните опции, да се зближат сите опции, пред непосредното решавање на статусот на Косово.“
XS
SM
MD
LG