Достапни линкови

Дали изборот на Саркози ќе влијае на македонското зачленување во ЕУ?


Македонија ја поздравува победата на Никола Саркози на претседателските избори во Франција, велат од македонското министерство за надворешни работи.
Односите со Франција се стабилни и не очекуваме истите да се променат, вели портпаролот на МНР, Шпреса Јусуфи.

„Ние очекуваме тие не само да остнат стабилни, туку и понатаму да се развиваат, значи не очекуваме промени, посебно не во негативна смисла.“

Со ист став и претставникот на македонската парламентарна делегација во собранието на Франкофонијата, Благој Зашов. Според него победата на Саркози може да биде и корисна за нашата земја.

„Господинот Саркози се залага за скратен уства кој би бил полесен за усвојување од страна на сите земји членки на ЕУ. Македонија сигурно ќе биде во агендата на Франција.“

Имајќи го предвид евроскептицизмот на Франција кон идното проширување на Европската Унија се поставува прашањето, како победата на Саркози ќе се одрази на нашите аспирации во Унијата? И Јусуфи и Зашов велат дека не очекуваат негативни промени.

„Скептицизмот кон проширувањето на ЕУ во ниту еден момент не се однесувал на Република Македонија. Сметаме дека Франција ќе остане на солунската агенда.“
„Нема да има промени, нашето придвижување кон ЕУ пред се зависи од нас.“


За разлика од нив, поранешниот македонски амбасадор на Советот на Европа во Стразбур, Ѕвонимир Јанкуловски со став дека победата на Саркози ќе има сериозни последици врз генералната политика на Европската Унија.

„Доаѓањето на Саркози ќе ги заостри критериумите за натамошно проширување на ЕУ. Во основа Саркози е најдобар репрезент на она што значи француска школа на правото,“

изјави Јанкуловски.
XS
SM
MD
LG