Достапни линкови

Од денеска сослушување на сведоците на обвинителството


По воведниот збор на обвинителот Ден Саксон со кој започна на 16 април судењето против Љубе Бошкоски и Јохан тарчуловски, од денеска започнува изведувањето на доказите од страна на обвинителството. Согласно со одлука на судскиот совет обвинителството е должно на одбраната да и достави 15 дена порано листа на сведоци кои ке бидат повикани на рочиштето.

„Ние го добивме списокот на сведоци кои има намера да ги повика обвинителството. За оваа недела се најавени 8 до 10 сведоци во зависност од должината на испрашување и прашањата кои ги има одбраната“

изјави Едина Решидович адвокат на Љубе Бошкоски.

За разлика од адвокатите кои не ги откриваат сведоците, медиумите деновиве неофицијално информираат дека оваа недела први ке сведочат родители и роднини на загинатите во Љуботен, родителите на Рами Јусуфи еден од загинатите, претставници на мегународната заедница кои во тој период беа во Македонија.

Обвинителството најави голем број на сведоци, околу деведесттина, мегутоа еден дел од нив ке дојде само на контраиспрашување, за еден дел судот прифати пишани искази, тоа е помал број, додека остантите ке се појават и за испрашување од страна на обвинителството и за контраиспрашување од страна на одбраната. Од одбраната велат многу од аргументите на обвинителството не соодветствуваат на фактичката состојба

„Ние сметаме дека ќе се побијат сите изјави на сведоците, затоа што доста од нив не соодвествуваат со материјалните докази, така што ние мислиме дека ќе ги побиеме во вкрстеното испрашување,“

изјави Антонио Апостолски адвокат на Тарчуловски

Според проценките изведувањето на доказите од страна на обвинителството ке трае три месеци, по што следи период од три до четири недели за подготовка на одбраната, по што за изведувањето на доказите и таа ке добие три месеци. Сведоци по овие две фази може да повика и судскиот совет. Потоа следи подготовка и презентирање на завршните зборови на обвинителството и одбраната. Досегашната пракса покажува дека судскиот совет ја донесува пресуда најкратко за еден месец, а може и по осум месеци од завршните обракања на двете страни.
XS
SM
MD
LG