Достапни линкови

logo-print

Париз: Граѓаните на Франција го избираат идниот претседател на државата


Во Франција утринава започна гласањето за вториот круг од претседателските избори, на кои граѓаните го избираат својот иден претседател меѓу кандидатот на десницата Никола Саркози и социјалистката Сеголен Роајал. Во Франција се регистрирани околу 44, 5 милиони гласачи. Околу еден милион француски државјани кои живеат надвор од територијата на Франција гласаа вчера. Според последните анкети објавени пред вториот круг од изборите, за Никола Саркози би гласале 55 отсто, а за Сеголен Роајал 45 отсто од гласачите. Претседателскиот мандат во Франција трае пет години, а новоизбраниот претседател ќе ја преземе должноста од претседателот во заминување Жак Ширак. Првиот круг од изборите беше одржан на 22 април, во него учествуваа 12 кандидати, а само Саркози и Роајал влегоа во вториот круг од гласањето.
XS
SM
MD
LG