Достапни линкови

logo-print

Пекинг: 15 рудари загинаа при експлозија во рудник за јаглен во Кина


Најмалку 15 рудари загинале, а 15-тина се исчезнати при експлозија што се случила вчера во рудник за јаглен во кинеската провинција Шанси, јавуваат кинеските медиуми. Спасувачките екипи сеуште трагаат по евентуални преживеани. Рудниците за јаглен во Кина се сметаат за едни од најопасните во светот. Според податоците, минатата година околу 4 700-тини рудари загинале во повеќе несреќи во рудниците во Кина.
XS
SM
MD
LG