Достапни линкови

Багдад: Вториот човек на Ал Каеда Ајман Ал Завахири упати видео порака


Преку видео порака, вториот човек на Ал Каеда, Ајман Ал Завахири истакнува дека неодамна усвоениот закон во американскиот Конгрес кој предвидува повлекување на американските трупи од Ирак е потврда за поразот на Вашингтон. Ал Завахири како што пренесуваат дел од агенциите во видео пораката исто така изразил жалење бидејќи спроведувањето на законот и евентуалното повлекување на војниците ,,би ги лишил од можноста за уништување на американските трупи,,. Белата Куќа одби да ја коментира видео снимката со пораката на Ал Завахири, која доаѓа четири дена откако американскиот претседател Џорџ Буш стави вето на законот во кој се предвидува повлекувањето на американската војска од Ирак да започне од октомври годинава.
XS
SM
MD
LG