Достапни линкови

logo-print

Анкара: Абдула Ѓул ја повлекува својата претседателска кандидатура


Министерот за надворешни работи на Турција и единствен кандидат за претседател на државата Абдула Ѓул изјави дека ја повлекува својата претседателска кандидатура, откако турскиот парламент не го обезбеди потребниот кворум за денешното повторно гласање за избор на претседател на Турција. Минатата недела Уставниот суд го поништи првиот изборен круг за претседател поради недостаток на кворум. Во Турција дојде до политичка криза предизвикана од претседателските избори, поради противењето на секуларната опозиција на претседателската кандидатура на Абдула Ѓул, втор човек на владеачката происламистичка партија на правдата и развојот.
XS
SM
MD
LG