Достапни линкови

Ниете: Авион на Кенија Ервејс со 115 лица се урна во јужен Камерун


Камерунското радио јави дека Авионот на Кенија Ервеиз со 115 луѓе се урнал во јужен Камерун во близина на градот Ниете. Претходно Кениската авио компанија соопшти дека го загубила контактот со со Боингот 737 кој летал од Абиџан преку Дуала – Камерун кон Најроби.

„Последната порака од авионот беше примена од контролната кула во Доуала веднаш по полетувањето и потоа ја загубивме врската. Имаше 106 патници и 9 член екипаж.“

изјави Титус Наикуни од Кениа Ервејз. Авионот требаше да слета во Најроби изутрината во 5 часот и 15 минути по европско време.
XS
SM
MD
LG