Достапни линкови

Скопје: 104 години од смртта на Гоце Делчев


Денеска се одбележуваат 104 години од смрта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во спомен на неговото дело денеска на гробот во црквата Св. Спас во Скопје ќе биде одржана панихида. Делчев е убиен од турска војска во 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер. Целта на неговото последно патување била намерата да го спречи или одложи предвременото востание, кое во тие денови (2-7 мај) се договарало на Смилевскиот конгрес во домот на Даме Груев. Делчев сметал дека се уште не се созреани политичките услови за кревање востание што, сепак, ќе се случи на Илинден, три месеци подоцна. Во зачуваните писма Делчев пишува дека се бори за слободна и независна Македонија, со широки права на сиромашното население.
XS
SM
MD
LG