Достапни линкови

Руската забрана за увоз на полско месо „сопка“ за самитот?


Во Европската Унија признаваат дека самитот со Русија следниот месец може да пропадне поради руската забрана за увоз на полско месо. Полска за возврат става вето врз стартегиското партнерство меѓу Унијата и Русија. Проблемот сепак се чини дека е подлабок.

Можеби Европско – рускиот самит во Самара на 18 мај се уште може да биде спасен од пропаст. Така барем се надева евор комесарот за надворешна политика Хавиер Солана во изјавата по средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на априлската средба во Луксембург.

„Ние сеуште се надеваме дека можеме да дојдеме до договор за преговори за нов генерален договор меѓу Европската Унија и Русија. Тоа е нашата цел, а се надевам цел и на рускиот партнер.“

Преговорите во Кипар на експертско ниво пропаднаа поради забранетиот увоз на полско месо во Русија, која тоа го правда со неисполнети стандарди а според Варшава станува збор за политички мотиви. Според Сергеј Лавров, и многу други европски земји имаат сличен проблем. Во секој случај актуелниот договор за стратегиско партнерство автоматски ќе биде продолжено доколку некоја од старните не се реши да го отповика, но немањето разговори ке биде симболичен пораз на за двете страни. Меѓутоа, има и други проблеми во односите меѓу двете страни, како на пример неодамнешните протести на руската опозицијата со кои властите грубо постапија. Еве како реакциите во европската јавност ги искажа шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.

„Ние сите знаеме дека настаните во Москва и Санкт Петерзбург привлекоа големо внимание на медиумите и критики од владите на оделни држави членки на ЕУ , меѓу кои и на Германија како преседавач со Унијата, тоа повлече многу дебати.“

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вака ги коментираше зборовите на германскиот колега.

„Мислам дека Валтер рече дека слободата значи почитување на законот. Во секоја нормална држава, мегу кои е и Руската федерација, има закони и правила со кои се регулира реализацијата на уставното право на граѓаните, меѓу кои е и она за собири и митинзи.“

Според Лавров демонстрантите биле сопрени кога го прекршиле законот. Лавров ја нотираше и загриженоста на Москва, според која, Европската Унија не успеала да го исполни ветеното за подобар третман на руското јазично малцинство во Латвија и Естонија. Двете страни Европската Унија и Русија се сепак неизбежни партнери, мегу кои и идниот статус на Косово и иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG