Достапни линкови

logo-print

НСДП ќе ја разгледува можноста за излегување од владината коалиција


По денешната седница на Извршниот Одбор на Новата Социјалдемократска партија ќе се знае дали владата ќе има парламентарно мнозинство потребно за усвојување на законските проекти. Тема на состанокот ќе биде дали партијата треба да ја напушти владата, прашање иницирано од потпретседателот на Собранието Иван Анастасовски кој деновиве наведе неколку причини за тоа, меѓу кои како што тој вели зачувување на идентитетот на партијата. Од раководството на партијата велат дека претходно не биле запознаени со оваа идеја на Анастасовски:

„Ние сме сега практично на почетокот во една иницијатива што поединец од партијата ја дава, а за која наскоро ќе треба да расправаат органите на партијата.“

Изјави Благој Зашов кој пред одржување на состанокот не сакаше да ги оценува одноите мегу коалиционите партнери во Владата. Анастасовки објаснува дека станува збор за негова анализа за позицијата на партијата од периодот на нејзиното формирање до денеска:

„По одредени прашања ние сериозно се разликуваме, па дури и по начинот на размислување по однос на тоа како треба да се гради Македонија.“

За тоа што ќе се случи ако партијата не ја прифати неговата идејата Анастасовски вели:

„Ако раководството одлучи дека засега ова е добро, тогаш таа моја идеја е поразена и јас од морални причини јас треба да се поднесам оставка.“

Некои од причините што тој ги наведува се целосна доминација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, „Сто чекори преродба“ концептот за празниците, прашање околку кое како што посочува дојдоа до израз традиционалните разлики мегу левицата и десницата.
Од владеачкките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДПА не ги коментираат овие најави од како што велат поединци кај коалицискиот партнер НСДП. Доколку НСДП одлучи да ја напушти владата и да дејствува опозициски, без нејзините седум пратеници владиното мнозинство нема да ги брои потребните 61 гласа за безрезервно усвојување на владините предлози.
Во овој контекст важно е како во иднина ќе настапуваат и пратениците на ВМРО-Народна која има 5 пратеници, кои ја поддржуваат владата, но не учествуваат директно во неа. Пратеникот Марјан Додовски кој беше еден од кандидатите за претседател на партијата, смета дека поддршката за владата треба да биде јасна. Сепак информира дека за тоа ќе се одлучува во наредните десеттина дена:

„Очекуваме конситутирање на партиските органи пред се на новиот Изврешен Комитет кој ќе треба да одлучи за позицијата на ВМРО Народна.“

Вели Додовски кој додава дека тој ќе остане на ставот за поддршка на владата и ќе го застапува во партијата.
XS
SM
MD
LG