Достапни линкови

Москва: Традиционални прво мајски демонстрации


Илјадници луѓе учествуваат во традиционалните прво-мајски протести во Русија, организирани од Синдикатите, Комунистичката партија, но и од владејачките партии. Свои собири во Москва и во Санкт Петерсбург организираше и опозиционата партија Јаблоко, а за прв пат во последниве 16 години, прво-мајски демонстрации има и во главниот град на Чеченија, - Грозни. Во Истанбул, турската полиција ги растера стотиците демонстранти кои се обидоа да се соберат на плоштадот Таксим. Градските власти го забранија собирањето на Таксим, каде што пред 30 години имаше нереди во кои загинаа 40-тина лица. По повод Први Мај, вработените во транспортот во Грција се во 24 часовен штрајк, поради што беа откажани десетици летови на Олимпик Ерлајнс.
XS
SM
MD
LG