Достапни линкови

Можеше ли македонската дипломатија да стори повеќе за посета на Буш?


Времето едноставно не му дозволува на америкаскиот претседател Џорџ Буш да ги посети сите места што тој би сакал а односите мегу Македонија и Соединетите Америкакси држави никогаш не биле подобри.Секоја посета на претседателот на регионот е добра за целиот регион и ја демоснтрира цврстата заложба на Вашингтон кон него -велат од амбасадара на Соединетите Америкаски држави во Скопје.Во мегуверме пак одкога Белата кука објави дека во рамки на својата европска турнеја Буш ке ги посети Бугарија и Албанија некои експерти коментирајки зошто Македонија е прескокната тврдеа дека земјава е мала и заради тоа високите државници не доагаат кај нас.Од друга страна се постави прашањето дали ние правиме доволно за да го подигнеме нивото на односи. Според поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле нашата дипломатија и надворешна политика е виновна за тоа што не се наоѓаме на агендата на претседателот Буш

„Ние треба да го привлечеме. Еве една тема на пример, како Република Македонија гледа на интеграцијата на Косово во регионот, значи наместо да нудиме расправија, кавга и натегање, ние можевме на претседателот Буш да му понудиме партнерство во тоа како овој ентитет, пред да стане земја со целосен суверенитет да го интегрираме во регионот.“

Аналитичарот Мерсел Биљаљи пак како негативен фактор во релациите со Соединтите Американски Држави ги посочува и повлекувањето на амбасадорот Јордановски, по што амбасадата во Вашингтон подолго време остана празна но и фактот што луге кои се на америкаската црна листа се дел од владата. Но сепак тој потенцира дека доколку нашата дипломатија би била поорганизирана и попрофесионална би можела да ги намали негативните последици

„Но, релано нашата дипломатија не може да се ослободи од спрегите на партиското, така што се случува и во најрелевантни држави да пратиме луѓе без доволно дипломатско искуство.“

Со спротивен став е поранешниот амбасадор во Словенија и Ватикан професорот Димитар Мирчев.

„Не верувам дека со поактивна дипломатија може нешто да се промени. Претпоставувам дека ова патување е врзано со статусот на Косово, а ние тука не сме некој фактор. Не верувам дека ние сме можеле нешто повеќе, ниту пак очекуваат нешто повеќе.“

Инаку Буш Во Софија ке отпатува по покана на бугасркиот претседтел Горги Прванов.Од кабинетот на македонскиот шеф на државата Бранко Црвеснковски велат дека за замји кои немаат ист политички систем како нас поканите се пракаат во координација со минситертвот за надворешни работи.Досега како што информираат Македонија не испратила ниту една формлна покана, но дека постои отворена покана за посета велат од кабинетот се потенцира на секоја средба.
XS
SM
MD
LG