Достапни линкови

Има ли „фајде“?


Електронски одговори, телефонски јавувања, организирање посети, доставување во најкраток можен рок на секаков вид информации за можностите за инвестирање во Македонија, ова изминативе месеци го работи тим на Агенцијата за странски инвестиции за привлекување на странски инвеститори во државава, воедно и како дел од кампањата „Инвестирајте во Македонија“ чија цел е рекламирање на државата во повеќе водечки светски весници. Виктор Мизо директор на Агенцијата вели дека ваквата кампања вродила со плод, интересеот меѓу инвеститорите кои бараат информации засега е голем иако вели дека според етичкиот кодекс конкретни имиња неможе да се објавуваат:

„Од почетокот на кампањата имаме 65.000 јуник посетители на страната.“

Објаснува Мизо кој од изминативе месеци од стартот на капањата објаснува кои се најчесто поставуваните прашања на при евалуацијата на потенцијалните инвеститори дали да вложат во нашата држава:

„Од гледна точка на како би можело да се организира производството во Македонија. Со кои земји точно имаме договори за слободна трговска размена.“

Владата донесе програма со која нуди повеќе стимулативни мерки за привлекување на странски инвеститори, мегу кои ослободување од данокот на профит во траење од 10 години и ослободување од 50 проценти од персоналниот данок за првите пет години доколу 80 проценти од продажбата реализираат преку извоз. Го доибваат ли истиот третман пак, македонските компании кои решиле да инвестираат во некоја од странските држави? Игор Лештар сопственик на софтверската компанија Сивус, која има свои претставништва во осум држави, вели дека даночните олеснувања во земјите во кои го имаат проширено бизнисот, се различни од македонските. Државите кои што не се членки на Европската Унија како Белорусија каде Сивус има отворено своја фирма нуди даночно ослободување од 15 години, додека земјите членки на Унијата не нудат толкави олеснувања. Но, истакнува Лештар од своето искуство третманот кон странски инвеститор е секаде ист. Односно наишле на добар третман во смисла на организирани посети и понуда на секаков вид информации од тамошните Агенции за странски инвестиции.

„Имавме многу голема поддршка од државните институции во Латвиа. При доаѓањето ни помогнаа во контакти, ни обезбедуваа состаноци. Имавме комплетна поддршка. “

забележува Лештар.
XS
SM
MD
LG