Достапни линкови

Израмнување сметки од минатото


Дуелот Груевски – Црвенковски е стар колку и желбата на двата кабинета да ги претстават односите како коректни. Каменот на сопнување не го прескокнаа, ниту со последните настани. Отсуството на претставник на највисоко ниво на погребот на поранешниот руски преетседател Борис Јелцин г предизвика стрелите од двете страни.

Припадниците на различни политички односи израмнуваат стари сметки, а сигналите на неизбалансираност се контра продуктивно по државните интереси, вака експертите гледаат на овој проблем.

„Фактот дека се зборува за небалансирани односи, во коишто има голем број проблеми, се испраќаат различни сигнали и тоа е контрапродуктивно за Република Македонија. Тоа мора да се надмине, затоа што би било на штета на сите граѓани. Тоа ќе се согледа од страна на меѓународните фактори и ќе биде голем минус во процесот на евро интеграција на Република Македонија.“

Моќта и способноста да не ги доведат во прашање виталните интереси на дражата, двете институции ќе ја покажат со хармонија во односите особено во областите каде што имаат поделени надлежности, додава професорката Тања Каракамишева.

Според аналитичарот Дане Талевски, проблемот не е во поставеноста на политичкиот систем и на надлежностите:

„Туку проблем со перцепцијата за важноста и моќноста на политичката сцена. Црвенковски и Груевски сакаат да остават впечаток дека се силни политичари.“
XS
SM
MD
LG