Достапни линкови

logo-print

Талин: Руските власти најавуваат сериозни мерки поради преместувањето на гробница на Црвената Армија


Руските власти со огорчување реагираа и најавија серизони мерки поради преместувањето на споменикот и на гробниците на војниците на Црвената армија во Талин. Горниот дом на Думата побара од Претседателот Владимир Путин да ги намали дипломатските односи со Естонија. Премесувањето на споменикот од центарот на Талин синоќа предизвика насилни демонстрации. Во судирите со полицијата едно лице загина а 40 беа повредени. За припадниците на руското малцинство остранувањето на споменикот е навреда за оние кои се бореа против фашизмот, а за естонците споменикот е симбол на советската окупација.
XS
SM
MD
LG