Достапни линкови

Москва: Странски пари се употребувале за „мешање“ во руската политика, изјави Владимир Путин


Рускиот претседател Владимир Путин во денешното годишно обраќање до нацијата изјави дека странски пари се употребувале за мешање во руската внатрешна политика. ,,Во минатото, колонијалистичките земји зборуваа за нивната цивилизациска улога. Денес тие употребуваат пароли за ширење на демократијата за исти цели односно остварување на нивните интереси,, изјави Путин во парламентот. За повеќето посматрачи ова е последно вакво негово обраќање со оглед на тоа што тој веќе најави дека нема намера да се кандидира за уште еден мандат во март догодина.
XS
SM
MD
LG