Достапни линкови

Анкара: Постигнат напредок во разговорите за иранската нуклеарна програма


Иранскиот преговарач Али Лариџани изјави дека на вчерашните разговори во Анкара со еврокомесарот Хавиер Солана бил постигнат напредок во приближувањето на ставовите околу контроверзната нуклеарна програма на Иран. Тој притоа наведе дека проблемот би можело да се реши преку преговори базирани врз меѓународното право. Лариџани и Солана најавија дека ќе ги продолжат разговорите по две недели.
XS
SM
MD
LG