Достапни линкови

Киев: Одложени парламентарните избори во Украина


Украинскиот претседател Виктор Јушченко синоќа ги одложи за еден месец парламентарните избори и сега тие би требало да се одржат на дваесет и четврти јуни. Јушченко во почетокот на месецов го распушти парламентот и закажа предвремени избори за крајот на мај. Оваа одлука веднаш беше оспорена од проруската влада на премиерот Виктор Јанукович и сега за неа расправа Уставниот суд на Украина.
XS
SM
MD
LG