Достапни линкови

Приштина: Постигнат договор за пропуштање на цистерните со нафта на ОКТА во Косово


Синоќа е постигнат договор за пропуштање на цистерните со нафта на рафинеријата ОКТА во Косово, по осумдневниот застој на македонско-косовската граница, како резултат на одлуката на косовската страна за воведување нови стандарди за квалитетот на бензините. Договорот во Приштина синоќа го постигнаа косовскиот премиер Агим Чеку и шефот на УНМИК Јоаким Рикер. Образложението на косовската страна беше дека цистерните на ОКТА содржеле преголемо количество сулфур.
XS
SM
MD
LG