Достапни линкови

Улогата на Елцив за демократизација на Русија за многумина е поголема од онаа на Путин


Во Русија е ден на национална жалост поради погребот на поранешниот претседател Борис Елцин кој во понеделникот, на седумдесет и шест годишна возраст, почина од срцев удар. Неговата улога за демократизација на земјата за многумина е многу поголема отколку на онаа на актуелниот шеф на држвата Владимир Путин, кој токму Елцин го избра за свој наследник.

Во август илјада деветстотини деведесет и деветата година претседателот Борис Елцин го избра незабележителниот бирократ Владимир Путин за премиер. Само шест месеци подоцна Елцин неочекувано поднесе оставка и го наименува Путин за втор претседател на посткомунистичка Русија. Тогаш се очекуваше дека поранешниот полковник на Ка Ге Бе целосно да ја следи политиката што ја креираа моќните кругови околу Елцин. Но, се покажа токму спротивното. Евгениј Волк, шеф на московската канцеларија на Херитејџ Фондацијата вели дека Путин укинал многу демократски реформи што ги спроведе неговиот претходник:

„Елцин спроведе радикални промени. Секако, тој беше човек на своето време, со многу контрадикторности, но беше искрен во неговите стремежи кон слободата и отфрлањето на тоталитаристичкиот систем.“

Путин градеше се поизразен антиелциновски имиџ. За разлика од Елциновите гласни и некогаш со вотка иницирани јавни настапи, Путин секогаш делува трезвено, спортски и самоконтролирано. Додека Елцин ја намали армијата и им даде поголема независност на поранешните советски републики, Путин ги зголеми воените трошоци и настојува да воспостави контрола на територијата на некогашниот Советски Сојуз. Двајцата лидери сепак, имаат и сличности: Подготвеноста да употребат сила. Елцин во девесеет и тертата ги скрши опонентите на неговите реформи со тоа што со тенкови го нападна парламентот во Москва. И Елцин и Путин иницираа големи воени кампањи во Чеченија. Но, според оценката на многумина аналитичари, најголемата грешка Елцин ја направил со изборот на Путин за свој наследник.

„Мислам дека најтажната страница во нашата историја и во личната историја на Елцин, е кога заедно со Березовски реши да го именува Путин за негов наследник.“

Вели Владимир Лишенко кој за времето на Елцин беше заменик министер за национална и регионална политика. Елцин само два пати јавно го критикуваше Путин за неговите потези. Во две илјадитата кога тој ја назначи советската химна за руска и пред три години кога Путин ги укина непосредните избори за губернетори. Елцин по повлекувањето од функцијата главно беше настрана од јавноста. Неговата смрт во Русија, според аналитичарите, се одбележува со помали почести од она што би можело да се очекува ако се има предвид дека станува збор за прв претседател на пост советска Русија. Соопштението на Путин дојде дури четири часа по веста за смрта на Елцин. Волк вели дека тоа воопшто не е случајно:

„Јасно е настојувањето да се спречи погребот на Елцин да не се претвори во политички настан што би можело да го искористат опозиционите сили.“

До погребот на Елцин доаѓа два дена по неговата смрт. Тоа е многу побргу отколку што налага руската традиција кога станува збор за истакнати личности.
XS
SM
MD
LG