Достапни линкови

Стразбур: Европскиот парламент треба да усвои резолуција за поддршка на Хрватска за членство во ЕУ


Европскиот парламент денеска треба да усвои резолуција со која ќе ја поддржи Хрватска во нејзините настојувања за што побрза интеграција во Европската унија, објави загрепскиот „Јутарњи лист“. Весникот наведува дека резолуцијата ќе биде една од најпозитивните што Европарламентот досега ги усвоил за Хрватска. Таа нема да биде позитивна за Загреб во делот кој се однесува за билатералните односи со соседите и за нерешените прашања со Словенија. Инаку, Европскиот парламент вчера го одобри извештајот на германскиот европратеник Маркус Пијпер во кој се истакнува неопходноста од поцелисходно финансирање, како и можните последици од присоединување на Македонија, Турција, Хрватска и земјите од Западен Балкан кон Европската унија.
XS
SM
MD
LG