Достапни линкови

logo-print

Во ДУИ велат дека тие ги сваќаат пораките како барања за конкретни резултати во дијалогот


Додека меѓународната заедница бара забрзување на политичкиот дијалог меѓу власта и опозицијата и се почесто ја истакнува потребата за враќање на ДУИ во Парламентот, по позитивните поместувања околу листата на закони што ќе се носат со Бадентерово мнозинство и Комитетот за односи меѓу заедниците, за останатите прашања сеуште нема конкретни резултати. Во ДУИ велат дека може да има брзо враќање во Парламентот, но во исто време не отстапуваат од останатите нивни барања, за законот за јазиците и за борците на поранешната ОНА. Рафиз Алити потретседател на партијата посочува дека тие сериозно ги разбираат пораките од меѓународната заедница, но за нив тие значат конкретни резулати:

„Пораките што ги добиваме без оглед дали ВМРО ДПМНЕ или ДУИ од меѓународниот фактор, пораките се јасни дека треба да се има конкретни резултати и ние како партии треба да одговориме позитивно на тие пораки бидејќи тие се во интерес на Република Македонија и за граѓаните.

Истакнува Алити. Напомената од меѓународниот фактор, е дека на земјава и останува малку време за исполнување мегу другите и на политичките обврски, доколку сака покана за членство во НАТО во 2008 година, имено ова беше и порака што до власта и опозицијата ја упати и претставникот на американскиот Стејт Департмент Розмари Ди Карло. НАТО интеграцијата на Македонија е важна и за ДУИ, но оваа партија не се смета себе си за виновна што била ставена во позиција да поставува барања за откочување на политичкиот дијалог:

„За ова што немаше дијалог најамалку е виновна ДУИ.“

Вели Алити. Во владеачката ВМРО ДПМНЕ пак на забелешките на меѓународниот фактор за одолговлекување на политичкиот дијалог велат дека тоа е процес што трае во континуитет. За текот на разговорите Силвана Бонева од оваа партија информира:

„По однос на прашањата кои што се отворени со ДУИ, за јазикот и прашањето за борците на ОНА, во текот на наредниот период ќе видиме што е тоа што тие сакаат да се постигне.“

Инаку и од власта ја потенцираат важноста за враќање на ДУИ во Парламентот во корист на државните евро-атлантски интеграции:

„Веќе имаме на повидок одредени решенија што значи дека прашање на денови е кога ДУИ ќе се врати во Парламентот, но доколку за тоа постои политичка воља.“

Смета Силвана Бонева.
XS
SM
MD
LG