Достапни линкови

Луксембург: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската Унија со денешниот состанок во Луксембург ја започнуваат едноделната работа во дефинирањето на евро дипломатијата спрема источните земји. На дневен ред се напорите за стопирање на амбициите на Иран да дојде до нуклеарна енергија, разговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за односите со Москва и германската иницијатива за зацврстување на соработката со Централна Азија. Според овој план, Европската унија би требало да ја зголеми својата улога во поддршката на демократијата, безбедноста и човековите права во тој регион.
XS
SM
MD
LG