Достапни линкови

Македонија без официјален став во врска со евентуалната независност на Косово


Македонија се уште не знае како ќе се позиционира доколку Советот за безбедност на Обединетите Нации не ја прифати новата резолуција за статусот на Косово, а потоа почне процес на признавање на покраината од секоја земја поединечно.
Во моментот ги разгледуваме сите можности, но нашиот став за ова прашање ќе се знае по конечната одлука на Советот за безбедност велат од македонското министерство за надворешни работи.

„Треба да се разгледа, треба да се видат опциите од Советот за безбедност, да се види што тоа значи и билатерално и регионално и во пошироки рамки во контекст на ЕУ и НАТО, и во согласност со тоа ние ќе го донесеме нашиот став и тајмингот,“

изјави портпаролот на МНР, Шпреса Јусуфи

Фактот што Македонија е мала земја која нема значително влијание врз меѓународната политика, како и тоа што и Србија и Косово се наши соседи, ја усложнуваат нејзината позиција, велат експертите.

„Тешко е да се предвиди какви чекори би се преземале, а да бидеме рационални, со оглед на тоа што Косово и Србија се два соседи, но најверојатно, Косово порано или подоцна ќе биде признато и од Македонија,“

изјави аналитичарот Мерсел Биљали

Според Владимир Пивоваров, професор по дипломатско-конзуларно право на Факултетот за опшествени науки, Македонија треба да ја следи политиката на Меѓународната заедница.

„Како ќе одлучи меѓународната заедница, ние тоа треба да го прифатиме.“

Во меѓувреме американскиот државен секретар Николас Барнс соопшти дека за Соединетите Држави не е прифатлива широка автономија на Косово, поради тоа што таквото решение ќе придонесе за зголемување на насилството во регионот.
Пивоваров вели дека не треба да се избрзува со претпоставките за евентуални безбедносни ризици.

„Такви ризици, на Балканот секогаш постоеле и ако тие се ставаат на површина на ваков начин, тоа не е добро, затоа што се прејудицира.“

Биљали пак со став дека ваквите стравувања на Соединетите Држави се оправдани

„Реално држат анализите од САД. Ако не се најде решение годинава за Косово, не велам дека постои начин да се неутрализира таа критична маса, што се повеќе губи трпение.“
XS
SM
MD
LG