Достапни линкови

Париз: Одржани последните митинзи на кандидатите за претседател на Франција


Кандидатите на претседателските избори во Франција, што ќе се одржат в недела, синоќа ги одржаа последните митинзи, настојувајќи да ги привлечат неопределените гласачи. Според проценките, нив ги има скоро една третина и затоа се смета дека претстојните избори ќе бидат многу неизвесни. Засега главни фаворити се десничарот Никола Саркози и социјалстиката Сеголен Роајал за кои се верува дека ќе влезат во вториот круг на изборите, по две недели.
XS
SM
MD
LG