Достапни линкови

Брисел: Нивото на доверба меѓу Русија и ЕУ на најниско ниво од падот на комунизмот


Нивото на доверба меѓу Европската Унија и Русија е на најниско ниво од паѓањето на комунизмот. Ова го оценува европскиот комесар за трговија Питер Менделсон во неговиот говор на денешната конференција во Болоња посветена на Русија и на нејзините напори да стане членка на Светската трговска организација. Според него, Русија треба да стане членка на организацијата, но побара од Москва да го намали се поголемото влијание на државата врз економијата.
XS
SM
MD
LG