Достапни линкови

Нови Пазар: Едно лице загинало, а две повредени во судир меѓу српската полиција и група вехабии


Едно лице загинало, а две биле повредени во судирот меѓу српската полиција и група вехабии до кој дошло изутрината во близина на Нови Пазар, јавуваат агенциите. Српското министерство за внатрешни работи прецизира дека во судирот загинал водачот на терористичката група Исмаил Прентиќ, а биле ранети еден од вехабите и еден од полицајците. До судирот дошло откако полицијата се обидела да влезе во куќата за која имала инфорации дека се криел еден од лидерите на вехабиите.
XS
SM
MD
LG