Достапни линкови

logo-print

Не постои начин рускиот режим да замине на избори


Рускиот мултимилионер Борис Березовски кој живее во егзил во Британија деновиве предизвика сенација откако во интервју за весникот Гардиан повика на насилно соборување на руската влада. Березовски потоа малку го омекна тонот, велејќи дека мислел на принудување на власта да си замине, но не со насилство. Тој во интервју за Радио Слободна Европа сепак наведува дека не постои начин режимот во Русија да си замине на избори.

На прашањето дали британскиот весник Гардијан неточно ги пренел неговите коментари односно дали го употребил зборот насилство во повикот за соборување на режимот во Русија, Борис Березовски вели:

„Сакам да кажам дека можеби мојот англиски јазик е многу полош од рускиот. Затоа кога јас го употребив зборот форс, мислев на преземање на власта. Тоа го реков и пред година ипол и не го менувам моето мислење. Режимот во Русија е криминален и верувам дека нема начин за негова промена преку демократски процедури како избори например.“

Березовски додава дека под преземање на власта мисли на настаните како во Украина и Грузија. Улицата, според него, го прави неопходниот притисок врз секоја незаконска влада.

„Сакам да кажам дека и овој претседател, кој денес е целосно нелегитимен, милсам на Путин. Значи дури и тој призна дека е законски она што се случи во Грузија кога му ја честиташе претседателската функција на Саакашвили.“

Тоа исто, како што вели Борис Березовски, се случи и во врска со настаните во Украина во две илјади и четвртата година кога Путин со честитката до Виктор Јушченко за претседател, признал дека таквиот пристап во промената на власта е легитимен за него. Во врска со изјавите на неговите критичари дека нема многу вистина во неговите наводи оти имало заговор против Путин во неговите најблиски кругови Березовски вели:

„Секогаш одговорам за она што го кажувам. Јас подолго време повикувам на соборување на властите. Нивната реакција и на моето интервју во Гардиан покажува дека се уплашени од секој настан што не го контролираат, односно организираат.“

Наведува Борис Березовски во интервјуто за Радио Слободна Европа, додавајќи дека тоа го покажува и фактот што Москва упатува многубројни специјалци и при секој помал уличен протест против Путин.
XS
SM
MD
LG