Достапни линкови

Опозицијата се жали на нерамномерно распределување на средствата


За да нема поплаки од страна на градоначалниците при прераспределбата на буџетски средства за реализација на проекти во нивните општини, финансиите наместо како досега кога согласно проектот средствата ги распределуваа надлежните Министерства, во иднина парите ќе се доделуваат од едно место, односно за нив ќе одлучува Владата со што ќе се оневозможи дуплирање на проекти или нивно двојно финансирање. Ова како што велат од Министерството за локална самоуправа ќе го озвоможи законот за рамномерен регионален развој:

„Од буџетот на Република Македонија, ќе се издвојуваат средства годишно, најмалку од еден насто од бруто домашниот производ,“

истакнува Ели Чакар од Министерството за локална самоуправа. А во мегувреме, силни реакции од градоначалниците. Оние од опозицијата обвинуваат дека власта ги дели средствата партиски. Првата реакција стигна од градоначалниците од редовите на ДУИ. Од вкупно стотина милиони денари за проекти за кои било надлежно Министерството за транспорт и врски само14 милиони се доделени на овие општини реагира, градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта. Иаако Ваквите обвинувања ги отфрлаат од Министерството за транспорт и врски со објаснвуање дека средствата биле поделени подеднакво за сите, градоначалникот на Гостивар од редовите на ДУИ Невзат Бејта останвуа на своите тврдења:

„Од 16 општини што ги водат градоначалници Албанци, имаат дадено на пет општини, 11 се оставени без денар и немаат прифатено ниту еден проект,“

вели Бејта. Наспроти градоаначалниците на ДУИ и останатите со негодувања. За нетранспарентност обвинуваат и градоначалникот на општина Желино Кенан Алиу од ПДП и Стојан Маневски градоначалник на Чашка независен кандидат.

„Ваква политика не може да и овозможи на земјата рамномерен економски развој.“
„И годинава конкурираме, но средствата сметаме дека не се рамномерно распоредени по општините,“


велат Алиу и Маневски. Иако и првиот човек на општина Прилеп Марјан Ристески од ВМРО ДПМНЕ вели дека има потреба од повеќе средства што ги доделува Владта, тој сепак нема забелешки на начинот на нивно доделување:

„Доколку има одредени бунења, мојот предлог е да се направи анализа на општините и да се види, кои општини колку средства земале, па оние што до сега земале, малку да почекаат.“

Законот за рамномерен регионален развој, за кој власта верува дека ќе ги намали реакциите на општините, веке е усвоен од владата, и се чека на негово зелено светло во Собранието.
XS
SM
MD
LG