Достапни линкови

logo-print

Белград: Планот на Ахтисари пропаднал, смета Сергеј Лавров


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров при посетата на Белград оцени дека планот на специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари пропаднал бидејќи –не бил земен предвид интересот на двете страни. Лавров по разговорот со српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека планопт на ООН би имал сериозни последици доколку се имплементира. Лавров нагласи дека решението мора да биде прифатливо и за Белград и за Приштина и оти се надева дека преговорите ќе продолжат.
XS
SM
MD
LG