Достапни линкови

Убиство за свртување на светското внимание кон проблемите што ги создаваат богатите


Напаѓачот кој во понеделникот во Универзитетот Вирџинија тек уби триесет и две лица испратил фотографии, видео снимки и пишан текст за неговите проблеми до американската телевизиска мрежа Ен Би Си. Во нив тој зборува против богатите и оти тоа што го сторил било неопходно за да го сврти вниманието на светот на проблемите кои ги создаваат тие.

Телевизиската мрежа Ен Би Си наведува дека материјалот во нејзината редакција во Њујорк пристигнал вчера и оти според времето на поштенскиот печат тој бил испратен в понеделник, во периодот од двата часа меѓу првиот и вториот напад во Вирџинија тек. Телевизијата која го препратила материјалот до Федералното истражно биро веќе емитуваше дел од него. Притоа се гледа како дваесет и три годишниот студент од Јужна Кореа Чо Сеунг Хуи држи два пиштола и го чита неговиот манифест против богатите. Тој предупредува дека сака да ги израмни сметките и додава дека бил принуден да го стори делото за кое ги обвинува, како што вели, другите, но притоа не ги идентификува:

„Имавте сто милијарди шанси и начини да го спречите ова денеска. Но, вие решивте да ја пролеете мојата крв. Ме притеснавте в ќош и ми дадовте само една опција. Одлуката е ваша. Сега имате крв на вашите раце која никогаш не ќе ја измиете.“

Наведува Чо Сеунг Хуи кој како што покажала истрагата страдал од депресија и се лекувал во една психијатриска болница. Тој во материалот од четириесет и две слики, дваесет и седум видео снимки и пишана порака од неколку страници додава дека не сакал повеќе да бега и оти тоа било, како што наведува:,,Не заради мене, туку заради моите деца, браќа и сестри кои се цел на вашата агресија,,.Чо Сеунг Хуи пред да се самоубие во студентскиот град на државниот универзитет за технички студии во Вирџинија убил триесет и две лица, а ранил дваесетина други. По овој најкрвав напад во историјата на американското школство, според тамошните медиуми и многу други училишта и универзитети во земјата примиле закани за слични такви акции. Неколку згради на Универзитетот во Минесота биле евакуирани поради закана за поставена бомба.
XS
SM
MD
LG