Достапни линкови

Соработката меѓу безбедносните органи во регионот клучна за стабилноста, сметаат експертите


Соработката мегу македонските безбедносни служби и оние од регионот е интензивирана со цел да се спречат евентуалните закани во иднина за безбедноста како на Македонија, така и пошироко, информира Иво Котевски од Министерството за внатрешни работи. За досегашната состојба тој вели

„Во овој момент не можеме да говориме за некоја конкретна опасност по безбедноста, односно по државните граници на Република Македонија. Имаме сознанија дека ќе има незадоволни групи на Косово како од албанска така и од српска страна, но според досегашните проценки не постои поголема опасност.“

Поранешниот министер за внатрешни работи Павле трајанов и член на собраниската комисија за одбрана и безбедност смета дека за се спречи евентуална дестабилизација во пресрет на решавање на косовското прашање клучна е соработката на нашите безбедносни служби со оние на Велика Британија, Германија и Соединетите држави

„Слуќбите, пред се, нашата служба, се надевам дека и натаму имаат добра соработка, пред се со службите на поразвиените држави, на германската, британската и американската, и тука е клучот на навремено собирање информации и постапување. Можеби сеуште нема соработка со другите служби, Србила и Црна Гора бидејќи имаше прекин на таа соработка,“

изјави Трајанов

Од надлежните институции укажуваат дека во последно време се во континуирана соработка токму со безбедносните служби од земјите од регионот. Трајанов со своја проценка за безбедносната состојба:

„САД и НАТО, проценка е, дека имаат доволна контрола на Косово и работите тешко може да излезат од контрола. Поконктерно може да се случат нереди во рамки на Косово, но тие нема да имаат влијание на околните државни.“
XS
SM
MD
LG