Достапни линкови

logo-print

Меѓу 40 и 50 илјади Ирачани месечно ги напуштаат своите домови бегајќи од насилствата


Обединетите Нации проценија дека меѓу 40 и 50 илјади ирачани месечно ги напуштаат своите домови бегајки од борбите и весрките насилства. Некои се внатрешно раселени, некои успеаа да го напуштат Ирак. За оваа човечка трагедија во Женева се одржа конференција на Светската Организација.

Целта на конференцијата во Женева е да привлече погоголемо внимание на светската јавност за секојдневната трагедија на ирачаните кои бегаат во и надбвор од својата земја. Според податоците на УНХЦР досега два милона ирачани го напуштиле Ирак, а плус нешто помалку од два милона се водат како внатрешно раселени лица. Тоа во практика значи дека секој 5 ирачанец бил принуден да го напушти домот откако почна војната. Портпаролот на УНХЦР Марко Рока вели дека секој ден од Ирак има информации за безбедноста, за политичките и воените погледи, а многу малку за бегалците.

„Засега многу малку е речено во врска со хуманитарната ситуација на луѓето кои се раселија поради насилствата и несигурноста. Ова посебно важно по Март 2006 кога бомбардирањето во Самара повлече нови бранови етничко и религиозно насилство.“

Листата на учесниците на конференцијата е импресивна, вели портпаролот на УНХЦР Марко Рока. Покрај преставници на ирачката влада, Стејт депертментот од Европските држи во Женева се присутни и 60 делегации од невладиниот секотор. Шефот на ирачката дипломатија Хошијар Зебари се обрати со следниве зборови.

„Ова е многу значајна средба. Дојдовме со јасна порака. Тоа се наши луѓе. Ние нема да ги напуштиме и ке ги вратиме назад.“

Лондонската група за човекови права Амнести Интернешенел пред некој ден соопшти дека Блискиот Исток се наоѓа на работ на хуманитарна катасрофа. Амнсти Интернешен ургираше до Соединетите Дрќави и Европската Унија да превземат конкретни мерки за да им помогнат на раселените лица од конфликтот во Ирак.

Организациите за човекови права ги повикаа Соединетите Држави и Велика Британија да ги зголемат напорите за помош на ирачките бегалци. Генералниот директор на Црвениот Крст Анџело Гнадингер изјави дека многу малку ирачани се поштедени од ужасот на војната.

„Бомбардирање, самоубиствени напади, убиства, деструкции на сопственоста принуди милиони луѓе да бегаат. Ситуацијата е очајна по годините насилства и веројатно се поставува и прашањето дали е поштедена барем едно ирачко семсјество.“
XS
SM
MD
LG