Достапни линкови

Солун: Конференција за стабилноста и безбедноста на Балканот


Денеска во Солун ќе биде одржана првата Конференција за унапредување на стабилноста и безбедноста на Балканот, на ниво на началници на генералштабови од балканските земји. На собирот ќе присуствуваат и председавачот на Воениот комитет на Европската Унија генерал Хенри Бентегет и командантот на Командата на здружените сили на НАТО за Југоисточна Европа во Неапол адмирал Урлих Трети, а македонската делегација ја предводи началникот на генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски. На конференцијата ќе бидат разгледани можностите, инструментите и механизмите за подобрување на заедничката комуникација и соработка на полето на одбраната, со цел создавање услови за поефикасно заедничко делување во кризни состојби во регионот и пошироко.
XS
SM
MD
LG