Достапни линкови

Њујорк: Советот за безбедност на ОН ќе дебатира за климатските промени


Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска треба да ја одржи првата дебата климатските промени. Шефот на британската дипломатија Маргарет Бекет изјави дека промената на климата претставува најголема закана за безбедноста во светот. Според неа, токму сушите, поплавите и преселбата на населението можат да предизвикаат конфликти со несогледливи последици.
XS
SM
MD
LG