Достапни линкови

Полицијата соопшти дека напаѓачот кој се самоубил сеуште не е идентификуван


Полицијата ја продолжува истрагата во техничкиот универзитет во Вирџинија со цел да открие што го мотивирало вооруженото лице да убие над триесет студенти во најкрвавиот инцидент од таков вид во Соединетите Држави. Полицијата соопшти дека вооруженото лице, кое се уште не е идинтификувано, се самоубило.

Уште еднаш мирот и тишината во американските училиште беа разнесени од пукање. Овој пат на познатиот Вирџинија тек на околу четиристотини и дваесет километри југозападно од Вашингтон. Повеќето од убиените биле на предавања. Полицијата прецизира дека во универзитетот се пукало два пати. Првиот пат во кампусот каде што се сместени студентите. Два часа потоа, додека полицијата го испитувала овој инцидент, почнале да се слушаат пукотници во универзитетските училници.

„Универзитетот е шокиран и потресен од она што не снајде. Тоа е трагедија од големи размери.“

Изјави претседателот на Вирџинија тек Чарлс Стегер, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите. Веднаш потоа и американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека Соединетите Држави се потресени од она што се случило на вирџинскиот Технички универзитет.

„Нашата земја денеска ја споделува жалоста со оние што ги загубија своите најмили во Вирџинија тек. Ќе се молиме за нив.“

Изјави претседателот Буш, наведувајќи дека ништо не би требало да го наруши спокојството во училиштата.

„Училиштата треба да бидат безбедни и свети места за учење. Кога тоа светилиште ќе биде нарушено, тогаш последиците се чувствуваат насекаде во Америка.“

оцени Буш. Повеќе студенти и роднини на жртвите изразија загрижност од тоа што властите не го затворија училиштетото веднаш откако се случило првото пукање. Според нив, на таков начин ќе се спречел трагичниот настан. Станува збор за најкрвавиот напад во историјата на американското школство. Најсмртоносниот досега се случи во Килин, Тексас во илјада деветстотини деведесет и првата година кога едно вооружено лице со камион влегол во тамошниот ресторан и застрелал дваесет и три луѓе. Осум години подоцна двајца тинејџери убија дванаесет ученици во Колорадо, по што се самоубија. Универзитетот Вирџинија тек го посетуваат дваесет и пет илјади студенти и во текот на овој месец два пати добил предупредувања за поставени бомби.
XS
SM
MD
LG