Достапни линкови

logo-print

Скопје: Почна Саемот на книга


Двесте и триесет издавачи од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Албанија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Белгија и од Русија ќе учествуваат на годинашниот 19-ти Меѓународен саем на книга, либрографика и биро-опрема, кој ќе се одржува од денеска до 22 април. Најмасовната манифестација и најголема концентрација на книжевни и илустрирани дела од домашни и од странски автори ќе се одржува во три саемски хали на изложбен простор од 6.000 метри квадратни. Традиционално, и оваа година ќе се додели наградата за најдобро издание меѓу двата саема, најпродава книга на саемот, и наградите за најдобар библиотекар и најдобар книжар, кои редовно се доделуваат на саемската манифестација.
XS
SM
MD
LG