Достапни линкови

Договор меѓу Белград и Карла Дел Понте за прикривање докази


Обвинителот во судењето против Слободан Милошевиќ во Хашкиот трибунал Џефри Најс, во писмо до хрватските медиуми ги потврди наводите на Њујорк тајмс за договорот меѓу главниот обвинител Карла дел Понте и Белград за прикривање на доказите пред Меѓународниот суд на правдата, а во врска со босанската тужба против Србија. Хрватскиот премиер Иво Санадер веќе побара за ова прашање да расправа Советот за безбедност на Обединетите нации.

Главниот обвинител во процесот против Слободан Милошевиќ во Хашкиот трибунал Џефри Најс го потврдува пишувањето на весникот Џујорк Тајмс дека Карла Дел Понте постигнала со Белград спогодба за прикривање на доказите за вмешаноста на Србија во војните во Босна и Херцеговина и Хрватска. Тие биле побарани за неодамнешното судење во Меѓураодниот суд на правдата по повод обвинението за геноцид во Босна. Хрватскиот премиер Иво Санадер, кои во изминативе денови многу умерено реагираше на пишувањето на Њујорк тајмс вчера побара за тоа да расправа Советот за безбедност на Обединетите Нации:

„Обединетите Нации се основачи на Меѓународниот кривичен суд во Наг. Тоа е институција на Обеинетите Нации. Значи доколку се покаже дека овие изјави се вистините, тогаш тоа е прашање за кое мора да расправа Светската организација, веројатно Советот за безбедност. Во овој момент не можам да кажам ништо повеќе, но станува збор за многу сериозна работа.“

Спогодбата на Карла дел Понте со Белград немаше никаква правна основа, вели Џефри Најс во писмото во кое додава дека со неа Белград сакал само да ги прикрие доказите за вмешаноста на тогашна Југославија во војните во Босна и во Хрватска од Меѓународниот суд на правдата, но и од сопствената јавност. ,,Мотивите на госпоѓа Дел Понте да се согласи на таква спогодба ни до ден денеска не ми се јасни, ни познати,, признава обвинителот Најс, додавајќи: ,,Обвинителството не само што ништо не доби од тој договор, туку создаде непожелен преседан, бидејќи потоа Белград почна да ги применува истите услови и за други слични документи и тоа со успех, затоа што госпоѓа Дел Понте лично ги одобруваше таквите иницијативи на Белград, се наведува во писмото што го објави весникот Јутарњи лист. Главниот правен застапник на Србија пред Меѓународниот суд Радослав Стојановиќ, ваквите наводи ги нареше хумористични. Тој вели дека Најс иако го немал договорот на Дел Понте сепак претпоставува оти тој договор ја содржи нејзината обврска да ги сокрие документите кои можат Србија да ја направат одговорна пред Меѓународниот суд на првадата, за геноцид.
XS
SM
MD
LG