Достапни линкови

Хаг: Почнува судењето на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски


Денеска во Хашкиот Трибунал започнува судењето на екс министер за внатрешни работи Љубе Бошковски и на поранешниот вработен во полицијата Јохан Тарчуловски обвинети за злосторства врз албанците во конфликтот во Македонија 2001-та година. Процесот ќе биде отворен со воведно излагање на обвинителството по што ќе биде прекинат до седми мај, кога ќе бидат сослушани првите сведоци. Бошковски и Тарчуловски се во притвор во Хаг од март 2005-та година.
XS
SM
MD
LG