Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Претседателот на Светската Банка Пол Волфовиц одби да поднесе оставка


Претседателот на Светската банка Пол Волфовиц одби да поднесе оставка и покрај обвинувањата за непотизам. „Мислам дека можам да продолжам да ја исполнувам мисијата на Светската Банка во борба против сиромаштијата,, изјави Волфовиц на прес конференција. Волфовиц се обвинува за искористување на својата позиција за унапредување и зголемување на платата на негова блиска пријателка која исто така работела во Банката. Изминативе денови во рамки на редовниот состанок на ММФ и Светската Банка во Вашингтон, покрај економските теми, доминираше расправата за судбината на претседателот на Светската Банка.
XS
SM
MD
LG