Достапни линкови

Евроатлантските итеграции и Македонија


Со цел да се отворат разговори кои ке бидат над конфронтирањето на политичките субјекти, а со тоа и да се помогне во решавањето на актуелните општествени проблеми денеска се одржа првата дебата во организација на кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски на тема македонскиот идентитет и европските интеграции.

„Ние како мал народ, иако некои пријатели постојано ми советуваат да избегнувам да ја употребувам оваа теза, меѓутоа во поширок меѓународен контекст тоа е реалноста, имаме систем со кој ќе ги одбраниме основните атрибути на нашиот идентитет,“

рече претседателот Бранко Црвенковски.

Некои од учесниците во дебатата сметаат дека ниту Македонија ниту Европската унија имаат свој изграден и осознаен демос, двете се во потрага по сопствениот идентитет или поточно се соочени со криза на идентитетот, иако од различни причини.

„Проблемот што го гледам кај нас посебно во последниве години е во тоа што Европа е во потрага по сопствениот идентитет, меѓутоа, гледа напред. Кај нас, ние правиме чекор по чекор назад, прво да копаме по сопствениот идентитет за да му покажеме некому дека сме племе со корен,“

посочи професот Билјана Ванковска од Филозовскиот факултет во Скопје.

Љубомир Фрчкоски професор на Парвниот факултет во Скопје пак смета дека доцна се отвора темата за идентитетот

„Ние не знаеме како да ја конструираме македонската нација, а тоа е императив, нема бегање, како сакате да расправате, ние мора да ја конструираме македонската нација.“

Зборувајки за македонскиот идентитет директорот на Институот отворено општество Владимир Милчин рече
„Јас сум сигурен дека пред 2015 ние нема да станеме членки на ЕУ, не сум сигурен дали таа ќе постои во 2015.“
XS
SM
MD
LG