Достапни линкови

Москва: Рускиот тајкун Березовски планира насилно соборување на Путин


Рускиот тајкун Борис Березовски, кој е во егзил во Велика Британија, изјави дека планира насилно соборување на рускиот претседател Владимир Путин. Во интервју за весникот Гардијан, Березовски додаде дека режимот во Москва може да се смени само со револуција и оти е во блиски контакти со припадници на руската политичка елита, кои имаат исти ставови како него. Оваа изјава на Березовски, официјална Москва ја оцени како криминална и поради тоа Британија треба да му го укине азилот.
XS
SM
MD
LG