Достапни линкови

На конференцијата се утврдуваат начините на однесување во судница


Во Хашкиот Трибунал денеска последни подготовки за судскиот процес за Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски што започнува на 16-ти април. На предпроцесната конференција се утврдуваат начините на однесување во судницата, времетраењето за изведување докази на обвинителството и слично. Познато е дека обвинителството ќе повика околу 130 сведоци, а за сведоците на одбраната Едина Решидович адвокатка на Бошковски вели:

„Одбраната не е во можност во овој момент воопшто да зборува за бројот на сведоци, бидејки основен интерес на одбраната е својата теза да ја докаже во текот на изведување на доказите на обвинителот. Значи ние максимално ке се трудиме сослушувајки ги сведоците на обвинителот да ги изнесеме сите аргументи релеванни за одбраната. Ако останат неразјаснети работи, тогаш одбраната го прецизира бројот на сведоци.“

Се проценува дека првата фаза, изведувањето на доказите на обвинителството да трае до 3 месеци, потоа има период во кој и се дава рок на одбраната да ги подготви своите предлози, сведоци и тој трае три до четири недели, а потоа втората фаза, во која и на одбраната и се доделува истиот период за изведување докази како и на обвинителот, значи и одбраната би добила три месеци за изведување на докази. Во текот на судењето по овие две фази и судскиот совет има право да повика сведоци:

„Bо бројни предмети судиите одлучуваа да повикаат сведоци, обично повикуваат двајца или тројца сведоци или прифаќаат некои документи што не ги презентирале страните.“

Информира Рашидович. Инаку Бошковски и Тарчуловски се обвинети за случајот Љуботен и тоа е единствен од петте македонски што се процесиуираат во Хаг. Обвинението против нив беше покренато на 9 март 2005, кон крајот на март веке беа уапсени и префрлени во Хаг. И Бошковски и Тарчуловски се теретат за кршење на законите и обичаите на војување. Тие пред судот се изјаснија дека се невини.
XS
SM
MD
LG