Достапни линкови

Багдад: Десетина лица загинаа при експлозија на камион бомба


Десетина лица загинаа во експлозија на камион бомба на мостот Ал Серафија на реката Тигар во Багдад, соопшти полицијата, која наведува дека станува збор за самоубиствен напад.Повредени се најмалку 20 луѓе. Од експлозијата мостот делумно се урнал и неколку автомобили паднале во Тигрис. „Изутрината во 7.15 не разбуди силна експлозија. Излеговме надвор и видовме дека мостот паднал. Се обидовме да им помогнеме на луѓето, на нашите браќа, но немаше никој само оштетен мост“ изјави Саад ал Казали кој живее во близина на мостот главна артерија за северен Багдад.
XS
SM
MD
LG